TOSHIBA CARRIER HAIER

TOSHIBA - успешна приказна

Со почетоците на индустрилизацијата во претходниот век, Јапонија почнува да фаќа чекор со светот па така во 1939 година, две мали компании една за производство на електрични светилки (Tokyo Electric Company) и друга за производство на високо напонска опрема (Shibauro Electric Company) решија да се спојат и да ја основаат ТОKYO SHIBAURO Electric Company. Уште на почетокот на вработените повеќе им се допаѓаше името на компанијата да биде TOSHIBA, за во 1978 година ова име и официјално беше претставено.

Силниот економски раст по завршувањето на Втората светска војна ги поттикна јапонските компании да ги следат американските трендови, меѓу другото и во производството на клима уреди. Веќе во 1950-та година, првиот јапонски произведен клима уред излезе на пазарот и доби пофалби за своите иновации. Во 1961-та година TOSHIBA го претстави на светот првиот сплит клима уред, каде во затворен систем внатрешната и надворешната единица се поврзани само со бакарни цевки. Во 1981-та година TOSHIBA е првата фабрика во светот која ја воведе инвертер технологија во системите за климатизација и тоа и даде технолошка предност во однос на другите производители. TOSHIBA денес ја има улогата на „светски иноватор“ и затоа води на пазарот како бренд кој нуди бенефит за луѓето и животната средина со своите иновативни пронајдоци.

Carrier - опрема за климатизација со повеќе од 120 години традиција

Carrier e основана во 1902 година од иноваторот на модерната климатизација Willis Carrier во Америка. Во истата година Willis Carrier за Sackett-Wilhelms Lithographing, издавачката куќа во Бруклин, Њујорк, поради потребите за простории за печатење со постојани температури ја конструира првата "ладилна машина" во светот која започна со работа на 17 јули 1902 година и на тој начин го започна производството на првите системи за климатизација. Овој систем е основата за модерните системи за ладење, греење и климатизација денес, комфор без кој неможе да се замисли секојдневието во светот. Поради овој пронајдок, магазинот Times го прогласува Willis Carrier во "100 Most Influential People of the 20th Century" во 1988 год.

Денес компанијата претставува американски и светски лидер за климатизација, греење и ладење. Со своето седиште во Connecticut USA, Carrier раководи со преку 53.000 вработени во 160 земји во светот. Carrier со својата програма за климатизација, греење и ладење ги опфаќа сите комерцијални и индивидуални објекти: деловни и трговски центри, административни објекти, ресторани, канцеларии, продавници, станови, куќи итн.

HAIER - HVAC лидер од Азија

Почетоците на Haier датираат уште од 1984 година кога во Џингдао Кина формирана е компанијата Qingdao Refrigerator Co. Со отварањето на Кина према светските пазари, развојот на Haier како и глобалното присуство на светскиот пазар почнува рапидно да се зголемува. Во 1991 компанијата се трансформира во групација Haier Group и во годините што следуваат Haier забележува неколку големи аквизиции како што се GE Appliance Division, Sanyo Southеast Division, Candy Group итн. Од 2008 година па се до денес, Haier претставува најголем бренд во светот на опрема за бела техника според Euromonitor International. Денес Haier располага со 10 центри за истражување и развој, 24 индустриски паркови, 66 центри за маркетинг и 108 производни капацитети ширум светот.